Судија во Бундеслигата пред 50.000 гледачи го запроси своето момче (ВИДЕО)

На последниот натпревар на Келн во Бундеслигата навивачите беа сведоци на несекојдневна сцена бидејќи еден судија одлучи да го запроси своето момче.

Паскаи Каисер, судијата кој претходно се изјасни како бисексуалец го запроси своето момче на стадионот пред 50.000 гледачи, а претходно одржа и емотивен говор.

„Сакам сите да видат дека го сакам овој човек. Како човек!“, неговиот момент беше објавен и на официјалната страна на Келн.

„Паскал Каисер кој е судија и пред три години објави дека е бисексуалец, денес имаше посебен план кој Келн го поддржа. Тој го заприс својот долгогодишен партнер“, стои во објавата на Келн.