Мурињо и Реал Мадрид го сменија терминот за гостувањето на Вардар во Лисабон!
Наместо во првичниот термин од 20.45 часот на 17 февруари, Вардар ќе ѝ гостува на Бенфика од 18.45 часот, откако во вечерниот термин ќе се игра мечот меѓу португалската фудбалска екипа и „кралевите“.
Промената немаше да се случи доколку Бенфика не успееше да слави против Реал Мадрид во последното коло од лигашката фаза во ЛШ, кога голманот Трубин во последните секунди постигна гол со глава и обезбеди триумф и пласман на Бенфика во следната рунда.