Второ признание за две недели: Шошкиќ повторно најдобар
Во период од само две недели, тој вторпат е прогласен за дебитант на неделата во неговата конференција (Coastal Athletic Association), а сето тоа како награда за извонредните изданија. На двата натпревара минатата недела, Шошкиќ просечно постигннуваше по 18 поени со шут од игра од 55% и 66,7% за тројка. Освен тоа, остваруваше по 6 скока, 4,5 асистенции и 2 украдени топки.
Стони Брук е во серија од пет победи, првпат во историјата на универзитетот и атакува на првото место во својата конференција. Шошкиќ веќе се етаблира како сигурен стартер и речиси редовно по 30+ минути.