Тенисер сам се погоди со топче во око и го предаде натпреварот! (ВИДЕО)

Џовани Перикард во првото коло на турнирот во Монпелје мораше да го предаде мечот поради бизарна повреда.

Наместо да го префрли топчето на противничката половина, Перикард сам се погоди во око, по што побара медицински тајм-аут.

По кратката пауза, тенисерот се врати на теренот, одигра уште еден поен и го загуби сетот, па реши дека е најдобро да го предаде натпреварот откако се влоши ситуацијата со неговото око.