И Саудијците се разочарани од Роналдо: Ал Наср добил повеќе пари од конкурентите
Португалецот крена паника последните денови откако беше јасно дека Карим Бензема ќе се пресели во Ал Хилал што го прави овој тим главен кандидат за титулата. Иако последните години во Ал Наср дојдоа ѕвезди како Мане, Жоаао Феликс и други, тимот не успеа да освои ниеден трофеј.
„Над 400 милиони евра се потрошени за помош на Ал Наср од доаѓањето на Кристијано. Ал Ахли доби многу помалку, но го освои Суперкупот на Саудиска Арабија и Лигата на шампионите во Азија, Ал Итихад потроши многу помалку, а исто така ја освои и лигата и купот. Доста со изговорите. Тој не е победник“, изјавил член на ПИФ.
Денеска од весникот кој е во сопственост на Роналдо излегоа информации дека тој е подготвен да си замине на крајот од сезоната.