Вардар ќе одигра хуманитарен меч со Осогово за жртвите во Кочани

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ќе одигра пријателски натпревар од хуманитарен карактер против Осогово во Кочани.

Мечот ќе се одигра на 7 февруари од 14 часот во чест и сеќавање на трагичниот настан на 16 март 2025 година кога голем број лица ги загубија лицата во пожарот во дискотеката „Пулс“.

„Сите собрани средства ќе бидат наменети за изградба на спомен-обележје, како траен симбол на почит, сеќавање и достоинство. Ги повикуваме сите навивачи и љубители на фудбалот да присуствуваат и заедно да покажеме хуманост, солидарност и заедништво“, соопштија од Вардар.