Скијачот Лазаревски паднал на допинг тест - затоа отпаднал од тимот за ЗОИ 2026?
Според МКД.мк, Мирко Лазарески паднал на допинг тест, тоа е причината поради која нема да настапи на Олимписките игри во Милано.
Македонскиот олимписки комитет иако денеска претстави друг скијач на местото на Лазарески, не ја кажа причината. Оттаму молчат, а засега молчат и во Скијачката федерација на Македонија.
Македонија на Зимските олимписки игри во Милано ќе ја претставуваат Ставре Јада, Ана Цветановска, Јана Атанасовска и Виктор Петков.