Деветти триумф на Сандерленд, Барнли тоне сè подлабоко!

Сандерленд успеа да ја запише деветтата победа во Премиер лигата оваа сезона, откако денеска го надигра Барнли со 3-0.

Туанѕебе си постигна автогол во деветтата минута, по што Диара зголеми на 2-0 за Сандерленд по половина час игра.

Талби беше стрелец на третиот погодок за победничкиот тим во 72. минута од натпреварот, со што Сандерленд скокна до осмата позиција во лигата и има 36 поени, додека Барнли е претпоследен со 15 бодови.

Фото: Facebook/Sunderland AFC