Охрид го претстави Борозан и му додели луда бројка на дресот! (ВИДЕО) 

Амбициозниот тим на Охрид во вториот дел од сезоната ќе биде дополнително засилен откако клубот го договори искусниот црногорски бек Вуко Борозан.

Бомбардерот го помина првиот дел од сезоната во Вардар, но по новогодишните празници ја прекина соработката со „црвено-црните“. Уште тогаш имаше шпекулации дека ќе продолжи во Охрид, но клубот од езерото дури денеска го промовира Борозан како свој нов играч.

 

 

Охриѓани ќе имаат исклучително бурен втор дел од сезоната во кој ќе се обидат да дојдат барем до еден трофеј, а ќе учествуваат во три натпреварувања. Во првенството во моментов се на третото мест со пет бода помалку од лидерот Вардар, Купот е уште едно натпреварување каде можат да триумфираат, а месецов ги очекува двомеч со Дукла Прага во осминафиналето од ЕХФ Европскиот куп.

Што се однесува до Борозан, Охрид ќе биде негов трет клуб во Македонија, по Металург и Вардар. Најинтересно е тоа што Охрид на Борозан му додели број кој не е типичен за играч во поле - 1.