Удинезе со еден гол ја шокира Рома

Фудбалерите на Удинезе триумфираа со 1-0 против Рома во 23. коло од италијанската Серија А.

Удинезе беше подобар противник на теренот во текот на целиот меч, па искористи една од своите шанси во 49. минута преку Јурген Екеленкамп.

Со оваа победа, Удинезе скокна до деветтата позиција во лигата со 32 поени, додека Рома остана на петто место со 43 поени