Атлетико Мадрид го освежи тимот со нов напаѓач за 40 милиони евра

Шпанскиот гигант Атлетико Мадрид промовира уште едно засилување во завршницата на преодниот рок, а тоа е одличниот Адемола Лукман.

Атлетико за услугите на Лукман ќе издвои 40 милиони евра, кои ќе ѝ припаднат на Аталанта откако двете страни го договорија трансферот.

Лукман го носеше дресот на Аталанта од 2022 година, а претходно играше за Лајпциг, Лестер, Фулам, Евертон и Чарлтон.

Фото: Facebook/Atlético de Madrid