Баерн Минхен го „осигура“ столбот на одбраната до 2030 година!
Упамекано имаше договор до крајот на сезоната со баварскиот гигант, па поради тоа се појавија шпекулации дека би можел да замине, а како една од дестинациите се споменуваше Реал Мадрид, но тоа нема да се случи.
Новинарот Фабрицио Романо објави дека Упамекано договорил соработка со Баерн до 2030 година, а наскоро ќе биде потпишан договорот.
Фото: Facebook/FC Bayern München