Карик сака да го врати Рашфорд, напаѓачот ни да слушне

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик сериозно ја разгледува можноста да го врати Маркус Рашфорд на крајот од оваа сезона, но прашање е дали неговата желба може да биде исполнета.

Крилниот напаѓач одлично се снајде во Барселона и веќе стигна до бројката од 10 гола, а претставува значаен дел од мозаикот на Ханси Флик. Во Каталонија тој игра како позајмен играч, а Барселона има можност претстојното лето да го откупи неговиот договор за 30 милиони евра. Со оглед на изданијата на Рашфорд, тоа е подарок бидејќи според Трансфермаркт, вредноста на фудбалерот изнесува 40 милиони евра. Флик е воодушевен од него и веќе побарал да биде купен.

Самиот Рашфорд не сака да слушне да се врати во Манчестер Јунајтед бидејќи носи многу лоши спомени оттаму. Иако Рубен Аморим повеќе не е менаџер, тој е разочаран од сите во клубот и себеси се гледа единствениот како фудбалер на Барселона.