Илјадници фанови ги пречекаа хрватските ракометари на аеродромот во Загреб! (ВИДЕО)
Ракометарите требаше да имаат дочек на плоштадот на Загреб, но градоначалникот на хрватската метропола не го прифати нивното единствено барање, да настапи пејачот Марко Перковиќ Томпсон.
Поради тоа тие одбија да дојдат на формален дочек. Други хрватски градови им се понудија да им организираат дочек со Томпсон, но ракометарите го одбија и тоа.
Па единствената прослава со навивачите се случи ноќеска на аеордормот.