Најслабите екипи во Серија А ги отпуштија тренерите
Двата тима имаат вкупно три победи оваа сезона и заедно 28 освоени бодови, колку што, на пример има 12-пласираниот Каљари.
Пиза вчера го отпушти Алберто Џилардино како резултат на поразот од Сасуоло во саботата. Тимот се наоѓа во серија од 12 натпревари без победа, а единствениот триумф сезонава го оствари на 7 ноември против Кремонезе на домашен терен со 1-0. Џилардино беше назначен за тренер на Пиза на 26 јуни и на вкупно 25 меча во сите натпреварувања оствари една победа, 12 порази и 12 нерешени резултати.
Верона има идентичен број бодови како Пиза, но со две остварени победи иако е на последното место пораади полошата гол разлика. Во текот на викендот загуби од Каљари со 0-4 и сметката за тоа ја плати тренерот Паоло Занети кој беше на клупата претходните 18 месеци.
Засега не се назначени наследници на отпуштените тренери и не се знае кој ќе ги води екипите во следното коло.