Работнички се засили со голман кој бил дел од вториот тим на Барселона

Поранешниот македонски шампион Работнички соопшти дека потпишал договор со 30-годишниот камерунски голман Фабрис Ондоа, кој во минатото беше дел од вториот, односно резервниот тим на Барселона.

Ондоа доаѓа како слободен агент во тимот од Дебар Маало, а потпиша договор на една ипол година со Работнички.

Искусниот чувар на мрежата претходно беше дел од екипите на Барселона (Б), Алавес, Остенде, Гимнастик, Истра, РФС, а има и 53 настапи за Камерун.

Камерунецот дебитираше во 2014 година на возраст од 18 години и ја претставуваше репрезентацијата на два турнира на Купот на Африка, освојувајќи го изданието во 2017 година.

Фото: Работнички ФК