Чаби Алонсо не успеа во Реал, следна фаза - наследник на Гвардиола!?
Ова го објавува „Телеграф“, кој нагласува дека Сити е заинтересиран да го привлече Чаби Алонсо доколку неговиот сонародник одлучи да замине. Се зборува силно дека сегашниот тренер на „граѓаните“ е подготвен да го напушти „Етихад“ на крајот од сезоната, иако неговиот тековен договор истекува во 2027 година.
Покрај Алонсо, на листата од тројца кандидати се вели дека се и поранешниот тренер на Челзи, Енцо Мареска, и Цеск Фабрегас, кој импресионираше со својата работа во Комо. Гвардиола засега ги држи во тајност своите идни планови.
Ако навистина Чаби Алонсо го преземе Сити, тоа ќе биде големо предавство за Ливерпул чии навивачи очекуваа тој да го наследи Арне Слот, како една од легендите на клубот и човек кого го гледаат долго време на клупата на својот омилен тим.