Бензема го напушти Ал Итихад, но ќе остане во С. Арабија! (ФОТО)
Бензема постигна договор со Ал Хилал, а официјална потврда се очекува наскоро од страна на екипите, откако претходно тоа го најави новинарот Фабрицио Романо.
Искусниот напаѓач оваа сезона настапи на 21 меч за Ал Итихад, а притоа постигна 16 голови, па без сомнеж ќе биде големо засилување за нападот на Ал Хилал.
Фото: Facebook/Al-Ittihad Club