Маџари им се врати на победите, триумф над Куманово! (ФОТО)

Маџари со 94-78 го совлада Куманово во меч од кошаркарската Суперлига на Македонија, домаќините повторно победуваат.

Кошаркарите на Маџари имаат серија од три победи пред да загубат од МЗТ Скопје во минатото коло, но денеска дојдоа до седмиот триумф во 13. коло оваа сезона.

Маџари имаше фуриозен влез во натпреварот, првата четвртина ја добија со 29-19, кумановскиот тим го крена нивото во вториот период, но домаќините на одморот заминаа со девет поени предност, беше 51-42.

Во вториот дел кошаркарите на Маџари не само што го задржаа водството, туку и го зголемија до конечни 94-78.

Најдобар на теренот беше кошаркарот на Маџари, Армстронг кој постигна 27 поени, Грини даде 23, кај Куманово Луковиќ постигна 25 поени.