Димитриевски во финишот прими гол, Валенсија поразена од Бетис! (ВИДЕО)
Валенсија беше подобар тим на овој меч, создаде повеќе шанси, но реализираше само една и за тоа беше казнета на крајот.
Во 13. минута гостите добија пенал, но Пепелу не ја реализираше најстрогата казна.
Сепак, седум минути подоцна Риоха погоди за водство на Валенсија од 1-0.
Предноста не траеше многу, само три минути подоцна беше досуден пенал за Бетис кој го реализираше Авиља за 1-1.
Овој резултат долго време беше актуелен, конечно во 88. минута Бетис ги казни неискористените шанси на Валенсија и преку Форналс го совлада Димитриевски за победа од 2-1.