Барселона го здроби Елче, но победата е во втор план поради повреда на една од ѕвездите!

Фудбалерите на Барселона ја запишаа втората победа по ред во Ла Лига, откако беа подобри од Елче со 3-1 во 22. коло од Ла Лига.

Ламин Јамал по само шест минути го отвори резултатот и донесе предност за каталонскиот гигант, додека Алваро Родригез израмни на 1-1 во 29. минута.

Пред крајот на првото полувреме во листата на стрелци се запиша и Феран Торес кој стрелаше за водство од 2-1 на Барселона.

Лидерот во Ла Лига ја потврди победата во 72. минута, кога погоди Маркус Рашфорд и ги постави конечните 3-1.

Победата, сепак, би можела да падне во втор план поради тоа што Рафиња се пожали на повреда и мораше да биде заменет.

Барселона е прва во шпанското првенство со 55 бодови, односно четири поени повеќе од Реал Мадрид.

Фото: Barcelona FC/Facebook