Ливерпул се разбуди против Њукасл и ја прекина лошата серија во Премиер лигата (ВИДЕО)

Ливерпул ја прекина лошата серија и славеше со 4-1 против Њукасл на „Енфилд“ во 24. коло од Премиер лигата.

Ентони Гордо погоди во 36. минута за предност на Њукасл, но радоста не траеше долго затоа што Уго Екитике со два гола во рок од две минути го сврте резултатот во корист на Ливерпул (2-1).

Еден од најкритикуваните фудбалери, Флоријан Вирц беше стрелец на третиот гол за Ливерпул, додека Ибрахима Конате ја обезбеди победата со погодокот за 4-1..

„Црвените“ со оваа победа се искачија на петтата позиција и имаат 39 бодови, додека Њукасл остана на четврто место со 33 поени.

Фото: Liverpool FC/Facebook