Барселона го здроби Елче, но победата е во втор план поради повреда на една од ѕвездите!
Ламин Јамал по само шест минути го отвори резултатот и донесе предност за каталонскиот гигант, додека Алваро Родригез израмни на 1-1 во 29. минута.
Пред крајот на првото полувреме во листата на стрелци се запиша и Феран Торес кој стрелаше за водство од 2-1 на Барселона.
Лидерот во Ла Лига ја потврди победата во 72. минута, кога погоди Маркус Рашфорд и ги постави конечните 3-1.
Победата, сепак, би можела да падне во втор план поради тоа што Рафиња се пожали на повреда и мораше да биде заменет.
Барселона е прва во шпанското првенство со 55 бодови, односно четири поени повеќе од Реал Мадрид.
Фото: Barcelona FC/Facebook