Пелистер по продолжение го освои Чаир, Тиквеш подобар од Кожув
Голема борба се водеше од самиот почеток на мечот, а првото полувреме заврши во корист на Пелистер со 49-43. Чаир се врати во игра и успеа на крајот да избори продолжение во кое „зелено-белите“ беа подобри со 107-99.
Најефикасен во победничкиот тим беше Стајиќ со 25 поени, додека Белингсли запиша 29 поени за скопската екипa, а Тачи имаше трипл-дабл со 11 поени, 11 скокови и 12 асистенции.
Тиквеш по голема драма го совлада Кожув со 79-78, а најефикасен во триумфот беше Персонс со 23 поени, додека Вашингтон постигна 23 поени за поразениот тим.