Хартс го доби Мато - заврши неговата приказна со Вардар! (ВИДЕО)

Хартс го потврди трансферот на Роџерс Мато, тој до истекот на неговиот договор ќе игра како позајмен од Вардар, а потоа трансферот ќе стане перманентен.

Заврши сагата на Роџерс Мато, фудбалерот од Уганда од денеска и официјално е член на Хартс.

„Хартс со задоволство може да го потврди потпишувањето со Роџерс Мато во овој преоден рок. Офанзивниот фудбалер од Уганда доаѓа на позајмица од Вардар до крајот на сезоната. По крајот на сезоната, откако ќе истече неговиот договор со Вардар, ќе почне перманентниот тригодишен договор на Мато со Хартс“, стои во соопштението на шкотскиот тим.