Вечерва нè чека вистинска лудница – 32 од 36 клубови можат до нокаут-фазата во ЛШ!
Вечерашните дуели ќе го одредат конечниот пласман, како и патниците во осминафиналето и во разигрувањето. Ќе потсетиме, осумте најдобро пласирани екипи директно ќе обезбедат пласман во осминафиналето, додека тимовите од 9. до 24. позиција ќе играат плеј-оф, во кое ќе се борат за преостанатите осум места во осминафиналето.
Деветтопласираниот и десеттопласираниот ќе играат против екипите на 23. или 24. место (точните двојки ќе бидат одредени со ждрепка), 11. и 12. ќе се соочат со 21. или 22. и така натаму.
Арсенал има совршен учинок со седум победи од исто толку натпревари. Единствени екипи кои успеаја да постигнат гол против составот на Микел Артета се Баерн и Интер, а лондонскиот клуб во октомври убедливо го совлада Атлетико Мадрид со 4-0. Во последното коло, на „Емирати“ гостува Кајрат. Во овој натпревар на Арсенал за потврда на првото место и теоретски најлесна ждрепка во осминафиналето му е доволен и бод.
UEFA CHAMPIONS LEAGUE 📺
— Mr Onilè (@MrOnile_) January 28, 2026
Last league phase games tonight 💪
Same kickoff time, automatic qualification spots on the line, playoff spots up for grabs ⏳ #Onile #ChampionsLeague pic.twitter.com/51in0Slw3C
Баерн е единствената друга екипа што има шанси да заврши на врвот на табелата, а местото меѓу осумте најдобри го обезбеди минатата недела со победата од 2-0 над Унион. Хари Кејн и соиграчите мора да слават против ПСВ во Ајндховен и да се надеваат на пораз на Арсенал од Кајрат, при што вкупната гол-разлика треба да биде најмалку пет гола во корист на Баварците нешто што не изгледа реално бидејќи победа на Кајрат во Лондон би била вистинска сензација.
Потоа следи голема група клубови со по 13 бодови, од шестото до 13. место. Можеби најинтересниот натпревар од последното коло ќе се одигра на „Паркот на принцовите“, каде што Пари Сен Жермен ќе го пречека Њукасл. Со оглед на добрата гол-разлика на двете екипи, победникот најверојатно ќе обезбеди директен пласман, додека реми може да ги доведе и двата тима во опасност да испаднат од првите осум. Поразениот би останал на 13 бодови и би станал лесна мета за шест екипи кои се веднаш зад нив.
🏆 To win 🔵 UCL (as of 22 Jan):
— Football Meets Data (@fmeetsdata) January 22, 2026
26% 🏴 Arsenal
17% 🇩🇪 Bayern
10% 🇫🇷 PSG
9% 🏴 Man City
7% 🏴 Liverpool
6% 🇪🇸 Barcelona
6% 🇪🇸 Real Madrid
4% 🇮🇹 Inter
3% 🏴 Chelsea
3% 🇪🇸 Atletico Madrid
...
🚨 Full probabilities and scenarios available in our 📊 FMD Simulator pic.twitter.com/0lFNgnJ9Nx