Данска најавува бојкот на СП - Македонија би можела директно во бараж-финалето!?

Експанзистичката политика која ја води претседателот на САД, Доналд Трамп би можела случајно да оди во корист на Македонија кога во прашање е битката за пласманотт на Светското првенство на кое Американците ќе бидат домаќини наредното лето.

Имено, според информациите на „Газета дело Спорт“ се зголемува бројот на европски земји кои размислуваат да го бојкотираат Мундијалот поради односот кој го имаат со САД.

Тоа што ја поврзува Македонија е што протестот го предводи токму Данска со која треба да играме во бараж во полуфиналето од баражот, потоа тука се споменуваат уште Шведска и Германија.

Реакцијата во јавноста пристигнала по барањето на Трамп за преземање на Гренланд. Ако се случи Данците навистина да го бојкотираат Светското првенство, тогаш Македонија би можела директно да оди во финалето од баражот каде што ние би го чекале победникот од второто полуфинале помеѓу Република Ирска и Чешка.