Данска без ѕвездата на Манчестер Јунајтед ќе ја пречека Македонија вo баражот за СП!
Еден од најистакнатите поединци во првите два натпревари под водство на привремениот менаџер Мајкл Карик мораше да го напушти теренот во второто полувреме, а првичните прогнози не се оптимистички. Иако клубот сè уште официјално не соопшти временска рамка, „Атлетик“ пренесува дека Доргу ќе отсуствува околу десет недели.
Фудбалерот беше во одлична форма, со два гола на два последователни меча, против Манчестер Сити и Арсенал, при што Карик го користеше на левото крило, за разлика од претходниот период кај Рубен Аморим кога настапуваше како бек. Доколку овие информации се потврдат, Доргу ќе ги пропушти следните осум натпревари на Манчестер Јунајтед, а на терените би можел да се врати дури по мартовската репрезентативна пауза, што значи дека Данска ќе биде ослабена во дуелите со Македонија во полуфиналето од баражот за пласман на СП 2026.
ФОТО: X / @PatrickDorgu13