Необичен трик на Португалците: Невеш го прислушкуваше тајм-аутот на Норвешка (ФОТО)

Португалија и Норвешка во драматичен натпревар си поделија по еден бод (35-35) во втората фаза од Европското првенство (ЕП), а на мечот беше забележана необична ситуација.

На 37 секунди пред крајот, португалскиот ракометар Мигел Невеш беше снимен како го прислушкува тајм-аутот на Норвешка.

„Играв три години во Норвешка, а и девојка ми е од таму, па го разбирам нивниот јазик. Се обидов да добиеме мала предност и да дознаеме што ќе направат“, кажа Невеш.

Фото: EPA PHOTO