Бугаринот Везенков го глумеше Тајсон – му удри бокс на противнички кошаркар (ВИДЕО)
Средбата беше наелектризирана уште во првото полувреме, кое домаќините го добија со 46-43, а тензијата кулминираше со физички конфликт меѓу Александар Везенков, најдобриот играч во Евролигата и Антонис Петропулос. Кошаркарот на Колосос прво го оттурна Везенков надвор од теренот, по што следеше реакција од страна на асот на Олимпијакос, кој возврати со удар во лице. Иако без сериозни последици, ситуацијата за момент се закани да прерасне во масовна тепачка.
Во инцидентот се вклучија и другите играчи, но судиите брзо реагираа и спречија поголем хаос. Епилогот донесе директни исклучувања за Везенков и Петропулос, кои го следеа продолжението од соблекувалната, додека Олимпијакос во вториот дел ја презеде контролата и ја потврди победата.