Српски тенисер плачеше по поразот на стартот на Австралија опен – откри и зошто!
Тој по завршувањето на дуелот, со солзи во очите зборуваше пред новинарите.
„Во овој момент тенисот не ми е толку важен. Играм колку што можам“, изјави српскиот тенисер за „Спорт клуб“.
Набргу потоа следеше и објаснувањето за неговата емоционална состојба.
„За Божиќ ја загубив баба ми, така што… тоа е тоа“, додаде Кецмановиќ.
Новата година за него започна исклучително тешко и на резултатски план – со три порази во низа, на турнирите во Хонг Конг, Аделаида и сега во Мелбурн.
„Ниту овде, ниту во Аделаида не се предадов. Тоа е единственото позитивно“, искрено констатираше српскиот тенисер.
Кецмановиќ треба повторно да се појави на терените на почетокот на февруари, на турнирот во Монпелје, кој е закажан од 2 до 8 февруари, каде ќе се обиде да ја врати формата и да го надмине тешкиот период низ кој поминува.
ФОТО: EPA PHOTO