„Не смееме да играме „македонски“, професионалноста за нас е голем проблем“

Селекторот Кире Лазаров по вчерашниот пораз од Данска денеска зборуваше и за ситуацијата во македонскиот ракомет велејќи дека нивото во првенството треба да биде на едно повисоко ниво.

Според Лазаров еден од нашите најголеми проблеми кога играме против силни европски селекции може да биде кондицискиот фактор поради ситуацијата во првенството и работата во клубовите.

Како спорт број еден во нашата земја, Лазаров смета дека нивото на работа треба да биде повеќе професионално, како кај тренерите така и кај ракометарите.

„Не смееме да играме „македонски“, како што се игра во нашата лига. Мораме кондициски да бидеме поблиску до нив. Нивото во репрезентацијата и во клубовите мора да биде уште повисоко како за спорт број еден во нашата земја, како стручно така и професионално и кај играчите и кај тренерите Како ракометна нација која дава толку важност, на овој спорт треба многу повеќе да се посветиме на условите во клубовите за да можеме да го следиме тоа високо ниво.

Мене ми е многу јасно се и се борам заедно со стручниот штаб и играчите, не е воопшто лесно, но одиме кон тоа. „Блиц“ успех некогаш мжеби е само залажување, можеби е подобро некогаш и да се „удриш“ во ѕид за да се освестиш, ние секако тоа не го посакуваме. Сепак, професионалноста кај нас е проблем и општо во секој спорт, дури и во ракометот сме поблиску до европските селекции“,  изјави Лазаров.

Пред Македонија на Европското првенство по поразот од Данска следи утрешниот дуел со Португлија и последниот од оваа прва фаза против Романија во вторник,