Еден од најбараните менаџери во Премиер лигата потврди дека заминува!

Менaџерот на Кристал палас, Оливер Гласнер, потврди дека нема да го продолжи договорот и ќе замине на крајот од сезоната по истекот на соработката.

Гласнер, кој во 2022 година ја освои Лигата на Европа со Ајнтрахт Франкфурт во овој момент е еден од најбараните тренери во Премиер лигата и се поврзуваше со позициите во Манчестер јунајтед и Тотнем, меѓутоаа засега како што вели нема договор некој друг клуб.

„Одлуката беше донесена уште пред неколку месеци. Во октомври, за време на репрезентативната пауза, имав долг разговор со претседателот на клубот, Стив Периш и му кажав дека нема да потпишам нов договор“, изјави Гласнер на денешната прес-конференција пред натпреварот против Сандерленд в сабота.

Палас Гласнер го презема во 2024 година и ја извлече екипата од опасната зона, завршувајќи ја сезоната на 10. место. Минатата сезона заврши на 12. позиција, но го оствари најголем успех во историјата на клубо со победа над Манчестер сити (1-0) на Вембли и освојување на ФА Купот. 

Неговата потврда дојде токму во денот кога според островските медиуми, Манчестер сити го обезбедил потписот на Марк Гуехи, дефанзивецот кој е еден од најважните фудбалери на Кристал палас.