Големо засилување за Баерн: Една од ѕвездите се враќа по пауза од седум месеци
Тренерот на баварскиот гигант, Винсент Компани кажа дека Мусиала се вратил на тренинг и е подготвен повторно да настапи за германскиот шампион.
Мусиала се повреди за време на Светското клупско првенство, при што му беа оштетени лигаментите на скочниот зглоб на левата нога.
Младиот фудбалер минатата сезона за Баерн постигна 21 гол и осум асистенции, па дефинитивно ќе биде големо засилување пред продолжение на сезоната.
Фото: Facebook/FC Bayern München