Противникот на Шкендија знаел да има Македонци - Ѓоре Јовановски остави најголема трага!
Вкупно пет македонски фудбалери биле дел од овој турски клуб, а најголема трага остави Ѓоре Јовановски кој беше и играч, а подоцна и тренер. Како играч Јовановски во Самсунспор беше од од 1986 до 1988 година, претходно го носеше дрсот на Вардар. Како тренер се задржа поолго работејќи од 2003 до 2007 година.
Покрај Јовановски тука се уште Стојанче Игњатов кој во Турција пристигна од Силекс и се задржа една сезона (2002/2003), Зоран Јоваановски по трансферот од Слога Југомагнат настапуваше во истата сезона, додека Насер и Бурхан Беадини беа дел од клубот од 1988 до 1990, одноно 1987 до 1989 година.
Првиот натпревар против турскиот клуб, Шкендија ќе го игра на 19 февруари, додека реваншот е закажан за седум дена подоцна.