Арсими се огласи: Го напуштивме натпреварот за да ги заштитиме фудбалерите

Екипата на Арсими набрзо по објаввата се огласи и даде одговар за денешната ситуација на натпреварот против полска Орда во Медулин.

Имено, фудбалерите на македонскиот прволигаш дуелот го напуштиле на полувреме, а во својата реакција објаснуваат дека тоа го направиле поради грубата игра на противникот.

„Денешниот натпревар не беше продолжен поради исклучително агресивниот пристап и агресивната игра на противничката екипа, кои се интензивираа по водството од 2-0. Имајќи предвид дека нашата екипа се наоѓа во подготвителна фаза и дека приоритет ни е здравјето и безбедноста на играчите, не сакавме да ризикуваме евентуални повреди.

Поради тоа, донесовме одлука да го повлечеме тимот од понатамошно продолжување на натпреварот. Оваа одлука е донесена единствено со цел да се заштитат нашите фудбалери и да се зачува спортскиот дух, кој секогаш треба да биде пред сè“, стои во реакцијата на клубот од Чегране.