Готово: Тер Штеген има нов клуб

Долгогодишниот капитен на Барселона и легенда на клубот, Марк-Андре Тер Штеген, ќе ја напушти Барселона по 12 години поминати во клубот и кариерата ќе ја продолжи во Жирона.

Станува збор за шестмесечна позајмица до крајот на јуни. Најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо, објави дека самиот голман веќе ги договорил сите услов.

„Сите дополнителни детали ќе бидат познати подоцна, а Жирона очекува се да биде завршено наредната недела“, стои во објавата на Романо.

Ќе потсетиме, Тер Штеген во Барселона пристигна уште во 2014 година и забележа 291 настап во Ла Лига, а главниот мотив за заминувањето во Жирона е поголемата минутажа поради желбата да се врати во германската репрезентација за Светското првенство.