Скандал на Арсими во Хрватска, напуштиле натпревар на полувреме!

Eкипата на Арсими како што изгледа нема најдобри подготовки во Медулин каде што денеска предвреме го завршиле натпреварот против послката Одра.

Имено, од редовите на полската екипа на социјалните мрежи објавија кратко соопштение дека фудбалерите Арсими го напуштиле теренот на крајот од првото полувреме. Причините засега се непознати.

„Денешниот натпревар против екипата на Арсими од Македонија заврши предвреме откако од непознати причини фудбалерите на екипата на Арсими го напуштпија теренот пред крајот на првото полувреме“, стои во објавата на Одра.

Арсими кој претходно претрпе порази на трите одиграни контролки до овој момент не се огласил.