Сити не се шегува, Пеп наскоро добива уште едно големо засилување!
Според последните информации, гигантот од Манчестер во последните 12 часа направил голем напредок во преговорите со Кристал палас за ангажман на Марк Гуехи. Интерес за него претходно покажаа и екипите на Арсенал, Ливерпул и Баерн, сепак сега изгледа Сити е најблиску.
Гуехи од договоот има само уште шест месеци и постои реална можност да ја промени средината уште оваа зима, доколку некој клуб понуди сума што би ги задоволила апетитите на лондонскиот тим.
Фабрицио Романо денеска објави дека Манчестер сити веќе договорил голем дел од деталите од договорот, додека островоските медиуми дополнија дека станува збор за плата од 250.000 евра неделно која би ја добивал Гуехи во Манчестер.
Со вакви примања поголема плата од Гуехи би имале само: Халанд, Бернардо Силва и Омар Мармуш.