Вардар остана без големото летно засилување – Французинот што играл за Мец!
Станува збор за искусен француски фудбалер, кој дојде со големо педигре поради настапите за Мец во најсилната лига во својата држава, но кој не доби голема шанса од тренерот Гоце Седлоски. Чимпембе настапи на само седум средби во црвено-црниот дрес, од кои само еднаш беше стартер и тоа против Тиквеш кога го постигна и единствениот погодок, победнички за вардаровата екипа. На останатите шест меча ниту еднаш не одигра повеќе од половина час, а на гостувањето кај Шкендија дебитира со настап од само една минута.
Тој има играно уште и за шпанскиот второлигаш Мирандес и за францускиот вторлигаш Гингамп. Претходно, вардарци останаа без најдобриот фудбалер Мато, за кого само уште не е јасно дали веднаш ќе направи трансфер во шкотски Хартс или тоа ќе го стори по крајот на сезоната. Двајцата не се појавија на стартот од подготовките на Вардар и не заминаа со соиграчите во Анталија.