Крај на црната серија: Болоња во меч со пет гола ја надигра Верона

Фудбалерите на Болоња конечно триумфираа во Серија А по лошата серија, откако вечерва беа подобри од Верона со 3-2 во 20. коло од шампионатот.

Орбан во 13. минута погоди за предност од 1-0 на Верона, но тоа ги налути гостите, па Болоња стрелаше преку Орсолини, Одгард и Кастро за водство од 3-1 на полувреме.

Фројлер со автогол во 72. минута ја врати надежта на Верона дека може да се спаси од пораз, меѓутоа домашната екипа немаше сила за нов погодок и реми.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/Bologna Fc 1909