Еден од најдобрите кошаркари во Евролигата обвинет за местење натпревари!

Голем скандал ја стресе Евролигата, откако еден од најдобрите кошаркари на Хапоел Тел Авив, Антонио Блекни беше обвинет дека учествувал во местење натпревари.

„Атлетик“ објави дека е отворена истрага против 20 кошаркари, а меѓу нив е и американскиот бек на Хапоел, кој е еден од најдобрите во Евролигата.

Истрагата е отворена поради сомнежи дека биле наместени резултати во НЦАА-натпреварувањето, но и дуели играни во Кина во период од 2022 до 2025 година.

Блекни оваа сезона игра важна улога во тимот од Тел Авив и во Евролигата постигнува по 13,8 поени, 2,4 скокови и 0,9 асистенции по натпревар.

Фото: Facebook/Hapoel Tel Aviv BC