Нов дебакл на „Специјалниот“: На Мурињо му се заканува уште една сезона без трофеј (ВИДЕО)
Ова е второ огромно разочарување по ред за „орлите“ последниот месец, откако беа елиминирани во полуфиналето од Лига купот. Тоа беше и второ меч на Жозе Мурињо на „Драгао“ откако ја презеде Бенфика, но неговиот тим не само што загуби овојпат, туку и не успеа повторно да постигне гол.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Јан Беднарек во 15-тата минута од натпреварот по асистенција од Габриел Веига. Порто го освои Купот на Португалија четири пати во последните шест години, додека Бенфика нема триумф 2017 година и ќе мора да почека барем уште една сезона. Актуелниот носител на трофејот Спортинг (Лисабон) сè уште не го одиграл своето четвртфинале, кое е закажано за 3 февруари против еден од најслабите тимови во Португалија оваа сезона - АФЦ.
Што се однесува до Мурињо, на некогашниот најдобар светски тренер му се заканува уште една сезона без трофеј. Последниот го освои во 2022 година со Рома во Конференциската лига, а тоа е негов единствен успех во последните девет години. Во домашното првенство Бенфика заостанува десет бода во однос на лидерот Порто, па за тимот од Лисабон останува да се надева дека ќе направи чудо во Лигата на шампионите каде се наоѓа на 25. место на две кола пред крајот на основниот дел.