Мане му ги спакува куферите на Салах, Сенегал е прв финалист на Африканскиот куп!
Двајцата поранешни фудбалери на Ливерпул, Садио Мане и Мохамед Салах се сретнаа еден против друг во овој полуфинален меч, победник можеше да биде само еден.
Тоа беше Мане, токму со негов гол Сенегал го победи Египет и ќе се бори за пехар во последниот меч од Африканскиот куп на нации. Погодокот беше постигнат во 78. минута.
Сенегал во финалето ќе игра со подобриот од мечот меѓу домаќинот Мароко и Нигерија.