Го сакаат сите - Манчестер Сити, Ливерпул, Арсенал, Баерн...

Фудбалските гигант се во лов на дефанзивецот и капитен на Кристал Палас, Марк Гуеи кој во моментов е најбараниот одбрамбен фудбалер во светот.

Покрај неговиот неспорен квалитет, причина за големата заинтересираност на клубовите е и фактот што Гуеи влезе во последните шест месеци од договорот со Кристал Палас, па клубот ќе го напушти како слободен играч.

Најголем интерес за него има од Манчестер Сити, Ливерпул, Арсенал и Баерн Минхен.

Тешко е да се каже која би била најатрактивна опција за него од овие четири клубови.

„Скај Германија“ пишува дека спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл во последните денови телефонски разговарал со Гуеи.

Од јануари тој слободно може да преговара со други екипи, па се чини дека во овие неколку дена е контактиран од сите заинтересирани клубови.

Гуеи ќе биде на слатки маки да си ја одбере неговата нова фудбалска средина.