„Бомба“ од Белград: Богдановиќ се враќа во Партизан!?
Капитенот на Србија наводно е расположен за идејата да го облече „црно-белиот“ дрес на гигантот од Белград, а медиумите најавуваат дека ќе го потпише најголемиот договор во историјата на Партизан.
Партизан наводно му нуди тригодишен договор вреден 10 милиони евра, а се очекува српскиот кошаркар да биде главна ѕвезда и предводник на составот од Белград.
Искусниот кошаркар веќе играше за Партизан, и тоа од 2010 до 2014 година, по што се пресели во Фенербахче каде што остана три години, а потоа почна неговата авантура во НБА-лигата, односно ги носеше дресовите на Сакраменто кингс, Атланта хокс и Лос Анџелес клиперс.
Фото: fiba.basketball