Од Ристовски за управата на Динамо - среден прст! (ФОТО)

Минатата сезона Динамо Загреб ја загуби првата титула по 2017 година, што беше огромен неуспех со оглед на тоа што клубот имаше буџет од 70 милиони евра, приближно исто колку и остатокот од лигата заедно.

Ова, меѓу другото, предизвика голема чистка во летото во која над 15 играчи го напуштија клубот, од кои некои беа легенди на Динамо. Особено тоа се однесува на таканаречената „пушачка соба“, која беше обвинета за лошите резултати. „Пушачката соба“ се однесува на групата играчи како Бруно Петковиќ, Аријан Адеми, Стефан Ристовски и некои други повозрасни фудбалери. Според многумина, тие играле голема улога во соблекувалната, а некои одат дотаму што велат дека всушност тие управувале со соблекувалната и ги менувале тренерите. Сандро Перковиќ, последниот од четирите тренери на Динамо минатата сезона, беше гостин на Подкаст Инкубатор каде што зборуваше за минатата сезона. Меѓу другото, тој се осврна и на „Пушачката соба“, која ја бранеше од критики.

„Соработката со Петковиќ, Адеми, Мишиќ, Ристовски... да не ги спомнувам сите, беше најдобра што е можно. Тие беа од голема помош, никогаш немав проблем со нив. Моето мислење е дека 'Пушачката соба' не беше проблемот, туку решение“, рече Перковиќ.

Ова негово признание најдобро му дојде на Стефан Ристовски кој веднаш се огласи на Инстаграм и напиша:

„(Стариот) извршен одбор на апарати“, проследено со среден прст за неговите членови.

Македонскиот интернационалец е лут на оние кои го нагласија влијанието на „Пушачката соба“. Патем, Динамо го промени составот на највисокото раководство на клубот по изборите во септември, но, таму, всушност, сè уште има претежно истите луѓе.

Ристовски, како и Адеми, летоска бесплатно си замина од Динамо. Се пресели во Сараево каде веќе одигра 18 меча во сите натпреварувања и постигна еден гол, а Сараево моментално е трето, со 14 бода зад првопласираниот Борац.