На Еркан Мурсели му е доделена невозможната мисија да го спаси Шкупи!
Чаирскиот тим во есенскиот дел од сезоната освои само еден бод, па ќе биде вистинско чудо ако успее да се спаси од испаѓање.
„Еркан Мурсели е именуван за тренер и го презеде раководењето на ФК Шкупи во еден од најтешките моменти за клубот. Денес, Мурсели ја одржа и првата тренинг-сесија со екипата, симболичен, но важен почеток, кој испрати јасен сигнал за максимална посветеност и чесна работа. Во овој период, кога зборовите имаат многу помала тежина од делата, неговото присуство и активната улога во тимот се јасна порака дека Шкупи започнува ново поглавје, со одговорност и целосен фокус на враќање на екипата на вистинскиот пат“, објави Шкупи.