Барса го победи Реал во Ел Класико Суперкупот - Флик никогаш не губи финале! (ВИДЕО)
Барса и Реал Мадрид одиграа Ел Класико со спектакуларно прво полувреме, а победникот го реши Рафиња во вториот дел кој ја отвори и ја затвори серијата погодоци на овој дуел.
Резултатот беше отворен во 36. минута со гол на Рафиња, Барса поведе со 1-0 и се чинеше дека така ќе заврши првиот дел, но следуваше вистинско лудило во судиското продолжение.
Најпрво Винисиус постигна гол по еден спектакуларен влез тргнувајќи од центарот на игралиштетот, Бразилецот израмни на 1-1.
Следуваше мајсторски гол на Левандовски по асистенција од Педри, Барселона го врати водството, но сепак не замина со предност на одморот.
За тоа да биде така се погрижи Гонзало Гарсија кој го изедначи резултатот на 2-2.
Во вториот дел имаше само еден погодок, а тој го постигна Рафиња, топката на патот до голот го зафати Асенсио, го промени правецот и отиде во мрежата на Куртоа.
До крајот немаше голови, но имаше еден црвен картон кој го доби Де Јонг по опасен старт врз Мбапе.
Барселона го освои првиот трофеј оваа сезона, а неверојатниот Ханси Флик ја продолжи својата непобедливост во финалињата освојувајќи го осмото од исто толку настапи.