Лацио со автогол во финишот до три бода во Верона! (ВИДЕО)

Лацио успеа да ги освои трите бода од гостувањето кај Верона, но тоа го направи исклучително тешко со погодок во финишот и тоа автогол.

Верона со голема самодоверба го почна денешниот меч по ремито кај Наполи во претходното коло, но не успеа да освои бодови и денеска.

Лацио долго време се мачеше да постигне гол, конечниот тоа се случи во 79. минута кога Нелсон ја затресе сопствената мрежа.

Со овие три бода Лацио се качи на осмата позиција на табелата, Верона остана во зоната на испаѓање.